Комисиите за проценка на штети од утре на терен
Три комисии формирани од локалната самоуправа ќе ги проценуваат штетите од невремето што пред неколку дена го зафати кумановско. Според информациите од Општината, комисиите од утре ќе излезат на терен да ја утврдат фактичката состојба по пријавите на граѓаните.