Владата го објави повикот за доделување средства за проекти за општините
Владата денеска го објави јавниот повик за доделување на средства за инфраструктурни проекти во општините. Во првиот повик се обезбедени 100 милиони евра од државниот буџет. Повикот е отворен до 22 септември, по што ќе следи постапката за избор на проекти.