Голема Богородица, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, 28 август (среда) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.
Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица, 28 август (среда) е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.
Деновиве е обелоденет скандалозен документ дека Максим Димитриевски, како градоначалник на Куманово, склучил Меморандум за соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Кумановското културно лето ќе заврши неделава со пет големи фестивали и концерти кои ќе се одржуваат на Градскиот плоштад во Куманово.
Бензините од 95 и од 98 октани од ноќеска по полноќ ќе поевтинат за половина денар за литар, ќе се намали и цената на мазутот, додека цената на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата нема да се промени.
За два денари по литар се намалуваат цените на Еуросупер бензините од 95 и 98 октани, Еуродизел горивото и Екстра лесното масло за горење, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Намлувањето во просек изнесува 2,12 проценти во однос на досегашните цени на нафтените деривати.
Алатката е стадард за локалитети во светски рамки со која визуелно може да се претстави и доживее одреден временски период, објект или локалитет.
Со дефиле низ улиците низ градот, од понеделник 26 август започнува петтиот„ Меѓународниот фоклорен фестивал“ во организација на Културно-уметничкото друштво Панче Пешев од Куманово. Во три фестивалски дена ќе настапат два ансамбли од Грузија , еден од Србија и фолклорни друштва од Македонија.
Центарот за јавно здравје Куманово доставило допис до општинските служби дека водата од чешмите во селото Проевце(голем чеп) е неисправна за пиење.
Едно малолетно лице се здобило со тешки повреди, а двајца возачи со телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу товарно моторно возило и мопед на улицата „Индустриска“ во Куманово.
Измени и дополнувања ќе претрпи одлуката за формирање на цени на услугите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, промена Статутот на „Куманово -гас“, како и отчет за сработеното во вториот квартал од годинава ќе дадат јавните претпријатија на 43-та седница на Совет на Општина Куманово во вторник, 27 август во кружната сала на тн Комитет. Меѓу другото ќе се одлучува и за проширување на средства на буџет на општината за 2024 година.
Археологот Дејан Ѓорѓиевски од Музеј Куманово беше на еднонеделна студиска посета на локалитети во Грција, кои претставувале македонски центри на егејскиот брег. Посетата била дел од проектот „Хеленистичкиот период во кумановско – влијанието од егејските македонски центри“, дел од редовната годишна програма на институцијата.
Разрешување на актуелното раководство, организирање на легитимни избори, промена на статутот со кој во иднина функциите ќе се обавуваат волонтерски се дел од барањата на членови на Здружение на пензионери Куманово. Тие одржаа собир на кој ги истакнуваа проблемите со кои се соочуваат и револт од игнорантскиот однос на претседателот Ристо Бошков и останатите функционери.
Три месеци по ред доцни платата на вработените во Јавното претпријатие „Пазариште“ Куманово, а главна причина е што препријатието има големи расходи на месечно ниво, особено во ставката за исплаќање на личните доходи.
Кумановец пријавил во полиција дека во 2022 година бил отпуштен од јавно претпријатие без да бидат иполнети законските норми.
Во првата половина на август, потврдени се осум случаи на Ковид инфекција на жители на Куманово, со тестови во Микробиолошката лабораторија на Центарот за јавно здравје. Станува збор за најновиот, мутиран сој на корона вирусот, кој дава полесна клиничка слика, а и самата бројка покажува дека состојбата во градот е стабилна.
Општа болница Куманово на трајно користење доби 86 инвалидски колички од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Куманово. Тие се отстапуваат за потребите на пациентите на сите одделенија во болницата.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса