Честитка од градоначалникот за 8-ми Септември
Градоначалникот Зоран Дамјановски, по повод 20 годишнината од независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Куманово.
Градоначалникот Зоран Дамјановски, по повод 20 годишнината од независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Куманово.
Во основното училиште „Толи Зордумис„ денеска напладне беше предаден во употреба, нов објект, кој е вклопен до постоечкиот, а е наменет за учениците од пето до осмо одделение, кои од оваа година настава ќе посетуваат на албански јазик.
Делницата од автопатот Куманово - граничен премин Табановце, утре ќе биде предадена во употреба. Пуштањето во употреба ќе го изврши премиерот Никола Груевски, во чест на 20 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија.
Д.Ј.(20) од селото Клечовце извршил полов напад врз малолетничка што нема наполнето 14 години. Нападот се случил викендов во селото Клечовце, во куќата на родителите на 9 годишно девојчето, кое имало пречки во психичкиот развој.
Мерилин Стојчевска е новата директорка во основното училиште „11 Октомври„ во Куманово.
Младинскиот Центар Multi–Култи денеска на Градскиот плоштад во Куманово од 10 до 18 часот, организира отворен ден со граѓаните.
Во голем пожар вчера изгорела една куќа и две плевни во селото Довезенце, една плевна во селото Пелинце, а биле зафатени 10 хектари ниско стебласти растенија во селото Драгоманце.
Во општината Старо Нагоричане вчера беше потришен меморандум за збратимување со општината Добровник, Р. Словенија. Градоначалниците Миодраг Јовановиќ и Маријан Кардинар се договорија дека ќе соработуваат на полето на економијата, земјоделството и туризмот.
8 Септември - Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
М.М.(18) од селото Табановце, бил претепан од непознато лице додека со својот автомобил се враќал од Куманово кон дома.
До 10 септември продолжува целосната забрана за движење во шуми и шумски појаси на целата територија на државата.
Полицајци од СВР Куманово – Отсек за превенција вчера им посакаа безбедна учебна година на првачињата, и на сите ученици во градот. Како и секоја учебна година на првиот училишен ден, полициските службеници ги посетија првачињата во основните училишта.
Денеска започна новата учебна година за 12.500 ученици во 16 основни училишта и за 6.500 средношколци во Куманово.
Дел од паралеките на албански јазик од техничкото училиште „Наце Буѓони„ во Куманово, оваа учебна година наставате ќе ја изведуваат во времени објекти кои Министерството за образование ќе ги постави во дворот на поранешната касарна во населбата Бедиња.
10 ласерски читачи за банкноти за покер-автомати, откриени се на граничниот премин Табановце на влез во државата.
Годинешниов Стритс Фестивал, кој требаше да се одржи од денеска до 2 септември се откажува поради финасиски проблеми.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса