Куманово го следи европскиот тренд
Делегацијата на Европската Унија и ЕУ инфо точката од Куманово одржаа презентација на тема „Политика на проширување на ЕУ и извештајот за напредок 2010 на Европска комисија„.
Делегацијата на Европската Унија и ЕУ инфо точката од Куманово одржаа презентација на тема „Политика на проширување на ЕУ и извештајот за напредок 2010 на Европска комисија„.
Кумановскиот добиточен пазар во Долно Којнаре во комплексот на Земјоделското училиште ,,Киро Бурназ‘‘ влезе во агендата на општинската политика како едно од приоритетните прашања за решавање во најскоро време.
Градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Кратово,Ранковце, Липково, Старо Нагоричане и претставници од Центарот за развој на североисточниот плански регион се вратија со позитивни искуства од работна посета од регионот Литија од Словенија.
Шест кумановци влегоа во највисоките партиски тела на ЛДП на вчерашното Собрание што се одржа во Скопје.
Филимена Василевска од Куманово го освои првото место на Меѓународниот натпревар "Руменичка Пивтијада", која се одржува во Војводина, Р.Србија.
Нашето обраќање до Вашиот весник е во знак на револт, бидејќи сме испровоцирани од обраќањето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ до кумановската јавност во кое ја отфрлаат партиската вмешаност во вработувањата во државната и јавната администрација.
Во просториите на општинската организација на СДСМ утре ќе се одржи крводарителска акција по повод Денот на крводарители. Акцијата ќе трае од 13 до 17 часот, а можат да се вклучат сите граѓани.
Секторот за евроинтеграции и меѓународна соработка во Општина Куманово, утре организира презентација на политиката на проширување на Европската Унија и извештајот за напредок 2010 на Европската Комисија.
Маскиран и вооружен разбојник завчера попладне ограбил продавница во центарот на Куманово, при што од касата одзел 15 000 денари.
Стивнува грипот во Куманово, велат од Центарот за јавно здравје. Последнава недела регтистрирани се двојно помалку болни во однос на минатиот месец.
Германски ВАЦ најави редуцирање на бројот на вработените и за згаснување на Утрински весник.
Во расправата по извештајот и програмата за работа на ЈП „Пазаришта„ на седницата на Советот на Општината се разгоре долга дискусија за потребата од средување на хаотичните состојби на Добиточниот пазар во Долно Којнаре.
За сите работни места кои беа наброени од страна на СДСМ на нивната прес-конференција е распишан јавен оглас и е извршена селекција на најстручните кандидати, кои ги исполнуваат предвидените законски услови. При секое вработување е запазена целокупната законската постапка.
Глигор Манов од ВМРО-ДПМНЕ, повеќе не е советник во Советот на Општината Куманово, откако минатата седница си поднесе оставка заради неспоивост на функции.
Од СДСМ денеска на прес конференција ја обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека вработува партиски луѓе, додека ја замајува јавноста со дезинформации за нивната кадрова политика.
Во првите два месеци од годината, зголемена е наплатата на водата. Според информациите од Јавното претпријатие "Водовод" таа изнесува 65 насто, или 10 проценти повеќе во однос на лани.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса