Отворена изложбата на слики на колонијата „Лесново“ во Центарот за култура во Куманово
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово е отворена изложбата на дела создадени на Лесновска ликовна колонија 2023 година. Тоа е 31-то издание на колонијата, етаблирана во 1992 година со меѓународен карактер, на која учествувале 17 уметниците а се создадени 30 слики.