Се протестира поради профитот без притоа да се исполнат стандардите на јавниот оглас, вели Димитриевски
Не се протестира од страв за граѓаните, се протестира поради профитот кој што се остварува без притоа да се исполнат стандардите на општината на јавниот оглас, а воедно се блокира превозот во општината и се вршат обиди да се манипулираат граѓаните, одговори градоначалникот Максим Димитревски на обвинувањата на превозниците дека не се почитува законот од страна на Општина Куманово, при избор на превозници во јавниот превоз.