Казнети 83 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При тоа се санкционирани 83 возачи.