Кумановец се претставил како полицаец кога го фатиле дека краде во време на полициски час
Жител на Куманово во два случаи се претставувал како полицаец додека шетал по бензински пумпи и се обидел да краде.
Жител на Куманово во два случаи се претставувал како полицаец додека шетал по бензински пумпи и се обидел да краде.
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев, утре во 20 часот концерт ќе одржи „Џез Квартет“.
Коронавирусот и состојбата предизвикана од неа, беше една од темите кај младите уметници, кои денеска твореа на ликовната работилница, којашто ја организираше Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Во раните утрински часови се изврши второто најавено авиозапрашување против комарци во Куманово.
Педесетина жители од Новосељане, Косматец и Мургаш, веќе пет месеци се без јавен превоз, затоа што линијата што досега ја имале не била рентабилна за превозникот и тој се откажал од неа.
Тројца куманоци го прекршиле полицискиот час и ја загрозиле безбедноста на граѓаните, поради што добиле пријави од МВР.
По подолг период, се зголемува бројот на заразени во кумановско. Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани нови 21 случај на позитивни на ковид-19.
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, утре со почеток во 10 часот ќе организира ликовна работилница на слободна тема. Согласно протоколите за заштита од коронавирусот, оваа година работилницата ќе се одржи на отворено, на плоштадот пред институцијата.
Второто издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“, коешто требаше да се одржи од 20 до 24 јули годинава е откажано поради пандемијата со коронавирусот.
Старите занаети по кои некогаш било познато Куманово, денес исчезнуваат. Занаетчиските дуќани во градот можат да се избројат на една рака. Ерата на индустријализацијата и увозот на евтините производи ги загрозува и онака малкуте занаетчиски работилници кои успеале да опстанат во градот.
За годинешната прослава на националниот празник Илинден, на одбележувањето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце ќе оди претседателот на државата Стево Пендаровски.
На две локации во градот синоќа гореше сува трева. Пожарникарите интервенираа на локацијата Багрем бања и покрај автопатот во Диво Насеље.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Во последните 24 часа регистрирани се двајца починати, шест нови случаи и 16 оздравени од коронавирус во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Велосипедист се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил, во близина на Автобуската станица во Куманово.
Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,61%, во однос на досегашните.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса