Почна реконструкцијата на 16,6 километри од патот Куманово-Ранковце, вредна 7,2 милиони евра
Започна реконструкцијата на втората етапа од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од селото Војник до Ранковце, во должина од 16,64 километри.
Започна реконструкцијата на втората етапа од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од селото Војник до Ранковце, во должина од 16,64 километри.
Основното јавно обвинителство Куманово ја отфрли кривичната пријава на СВР Куманово, поради градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, за сторено кривично дело- непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.
Инспектор од одделението на Државниот пазарен инспекторат во Куманово е позитивен на коронавирус, потврдија од Инспекторатот. Поради тоа целото оддление во Куманово ќе биде затворено.
Од новите 19 случи на коронавирус регистрирани во Центарот за јавно здравје(ЦЈЗ) во Куманово, 17 се од Општина Липково и двајца од Куманово.
Нови 19 случаи позитивни на вирусот КОВИД-19 се регистрирани во последното деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово, кое ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане.
(За исправноста на одлуката да се забрани одење на Задушница)
Во Главниот метеоролошки радарски центар – Ѓуриште, Г.И.(58) од Куманово и М.С.(64) од Скопје, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, се здобиле со повреди при експлозија на противградна ракета.
Во пресрет на тридневен полициски час во Куманово, писателот Петар Андоновски, овогодинешниот лауреат на наградата за литература на Европската унија со неговиот роман „Страв од варвари", посочува дека најдобриот начин за поминување на овој долгочасовен карантин е читањето на книги, па затоа дава препорака за книги кои можат да почнат да се читаат во овие три дена.
Министерството за труд и социјална политика информира дека утре петок е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија.
Под мотото „Ајде да купувма евтино“, Алфи Техноцентар започна нова акција на попусти за своите верни потрошувачи.
Во Кратовската полиција синоќа околу 21 часот било пријавено дека полициски службеници прават забава во с.Куклица, пришто не ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.
Жителите на Куманово, Липково, Скопје, Штип, Тетово, Јегуновце, Желино и Боговиње имаат целосна забрана за движењето за престојниот продолжен викенд. Во останатите градови забрането е движење од петок до 16 часот до понеделник до 5 часот.
Од Центарот за јавно здравје на Куманово, кој ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане, информираат дека 10 од новозаболените и еден починат од коронавирус се од селата во Општина Липково, а двајца од Куманово.
Комисијата за заразни болести доставила предлог до Владата, да се воведе карантин за кризните подрачја Скопје, Тетово и тетовско, Куманово и кумановско и Штип веќе од четврток во 21 часот да трае до понеделник наутро во пет часот.
Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, соопштуваат од Владата.
Куманово ова лето ќе нема проблеми со водоснабдувањето, бидејќи има доволни количина на вода во двете акумулации Липково и Глажња од каде градот се снабдува со вода за пиење.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса