Пендаровски го потпиша Законот за заеднички контроли на граничниот премин Табановце-Прешево
Претседателот Стево Пендаровски, го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Северна Македонија – Прешево, Република Србија.