Пожарникарните со полни раце работа од почетокот на годината
Дваесетичетири интервенции имала противпожарната единица во Куманово од почетокот на годината.
Дваесетичетири интервенции имала противпожарната единица во Куманово од почетокот на годината.
Христијанскиот празник Богојавление- Водици, кој е во четврток, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.
Во Куманово повторно паѓа снег. Според општинските служби снегот засега не создава проблеми и сите улици и локални патиша во Општината се проодни.
Деветнаестгодишен кумановец, утринава е повреден со пиштол во ногата во кафе бар во Куманово.
Неповратно исчезнува македонското културно наследство поради негрижа на државата. Таков пример е една од највредните приватни збирки на рачни ракотворби и етнолошки предмети, која повеќе од четири децении ја создава Златко Давитковски од кумановското село Режановце.
Полицијата поднесе кривична пријава против С.К. (38) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Денескa се одбележува годишнината од битката на Пелинце во која загинаа Ангел Лазаревски-Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи.
Отворена е стечајна постапка за Керамичко индустрискиот комбинат(КИК) А.Д.Куманово.
Зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо на 18 јануари учениците ќе се вратат на училиште на 23 јануари.
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.М. (44) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Времето денеска ќе биде стабилно, со мала локална облачност и со дневни температури и над нулата во јужните делови од земјата.
Општината ќе ангажира лиценцирана лабораторија за дополнително, независно мерење на загаденоста на возухот во градот, за да се утврди присуството на ПМ10 честичките на целата територија на Куманово, по информациите дека е најзагаден град во државата.
Во текот на вчерашното деноноќие екипите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Општинскиот кризен штаб од Куманово(ОКШК) интервенирале во два случаи за спасување на лица заглавени во снег, во селото Горно и Долно Јачинце и на патот Војник-Куманово.
Кривична пријава заработи Ј.Д. (55) од с.Кокошиње-кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.
Сообраќајот на сите улици и патишта во општината Куманово се одвива по подмрзнати и влажни коловози во зимски услови.
Градоначалникот Зоран Дамјановски ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека договорот за зимско одржување на улиците во општина Куманово е потпишан на 5 јануари годинава, и тврди дека тоа го сториле на 23 декември минатата година, со задоцнување од 90 дена, затоа што толку чекале согласност од Бирото за јавни набавки, а не поради тоа што тие не биле подготвени.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса