Oтворен ден во „Перо Наков“ - практично знаење, стипендии и брзо вработување се предности на училиштето
Стекнување на практично знаење, стипендии за учениците и брзо вработување по матурирање, се само дел од можностите кои ги нуди Средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово, а кои денеска беа презентирани пред деветоодделенците од градот.