СДСМ:Очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните се прават со реконструкцијата на „Никола Тесла“
Во последно време се почесто сме сведоци на очигледни и бесрамни манипулации со парите на граѓаните на Куманово, а последен пример е реконструкцијата на улицата „Никола Тесла“, на која се собраа да се сликаат градоначалникот и актуелните пратеници и функционери од коалицијата ЗНАМ и ДПМНЕ, велат од Општинската организација на СДСМ Куманово.