Кратовските кули отворени за туристи и за време на викендот
Средновековните кули во Кратово ќе бидат достапни за туристите и за време на викендот, односно и во сабота и недела од 10-15 часот.
Средновековните кули во Кратово ќе бидат достапни за туристите и за време на викендот, односно и во сабота и недела од 10-15 часот.
Старо Нагоричане, Крива Паланка и Ранковце се дел од новите 24 партнерски општини вклучени во проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите и подобрување на даночните системи.
Универзитетот за туризмот и менаџмент од Скопје обезбеди 15 стипендии за упис на додипломски студии за идни студенти од општина Кратово во академската 2022/2023 година.
СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка идната учебна 2022/2023 година ќе ја започне со 4 гимназиски и дури 5 дуални паралелки , кои се дел од средното стручно образование и за кои постои се поголем интерес кај идните средношколци, но и кај компаниите на кои им недостига стручен кадар.
Акцијата за превентивни гинеколошки прегледи во руралните средини од понеделник продолжува во општина Старо Нагоричане. Превентивните прегледи опфаќаат бесплатен ПАП тест и гинеколошки ЕХО преглед, со цел превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката.
Во Општина Липкови живеат вкупно 22.308 жители, а има 5.412 домаќинства и 7.080 станови.
Во општина Старо Нагоричане вкупниот број на резидентно население изнесува 3501 лице, 1346 домаќинства и 3.572 станови, покажаа податоците од пописот во 2021 година, кои беа објавени денеска од Државниот завод за статистика.
Социјалните потешкотии на учениците со посебни потреби се во фокусот на Еразмус+ проектот „Една мисија, една визија, еден фокус“, што го спроведува ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка со своите европски партнери од Романија, Италија, Словачка и Турција.
Новинарите и медиумските работници од Североисточниот регион денеска со членовите на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) одржаа онлајн состанок на кој се дискутираше за унапредување на етичката рамка во медиумите.
Во галерискиот простор на НУ Центар за култура од Крива Паланка, утре (25 март), во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Графики и цртеж“ од академскиот графичар Стефан Младеновски.
Во пресрет на новиот јавен повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, во Приштина се одржа заеднички состанок на министрите за локална самоуправа на Северна Македонија и на Косово, Горан Милевски и Елберт Красниќи и на градоначалниците од пограничните општини. На состанокот присуствуваа градоначалниците од Североисточниот регион.
Во акцијата за превентивни гинеколошки прегледи во руралните средини, вкупно 78 жени од општина Ранковце ги искористиле бесплатните услуги на Гинеколошката мобилна амбуланта која беше поставена во оваа општина.
Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка им додели јубилејни признанија и значки на крводарители и волонтери кои дале придонес во осамостојувањето и унапредувањето на крводарителството во 2021 година.
Општина Крива Паланка ги дигитализира јавните услуги и субвенциите преку воведување на мобилната и веб – апликација „мЗаедница“ , која веќе им е достапна на граѓаните.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, по повод Меѓународниот на жената „8-ми Март“, ги изненади најстарите кривопаланчанки со посета во нивните домови и букет цвеќиња.
Со грант од 53. 306 евра, обезбеден од јапонската амбасада ќе се изврши реконструкција на Детската градинка „Детелинка“ од Крива Паланка.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса