Во Куманово се одржа Форум за женско претприемништво во Североисточниот регион
Развојните можности во женското претприемништво во Североисточниот плански регион, беше темата на вчерашниот форум кој се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово. Жените од регионот дебатираа за условите на жените за покренување и водење на сопствена компанија и статусот што жените во современото општество.