Нова донација од Амбасадата на НР Кина за Крива Паланка
Амбасадата на НР Кина во Македонија донираше 365.000 денари на Општина Крива Паланка со кои се набавени 105 корпи за отпадоци.
Амбасадата на НР Кина во Македонија донираше 365.000 денари на Општина Крива Паланка со кои се набавени 105 корпи за отпадоци.
Денеска официјално беше пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Куманово - Страцин.
Во 2023-та година како Европска година на вештините, младите од Куманово, Крива Паланка и Кратово ни ги откриваат новите лица на вештини преку едукативни пораки и креативни перформанси, отворајќи нови младински перспективи.
Раководител во Акционерското друштво Водостопанство, кое е во државна сопственост е осомничен за „примање поткуп“.
Во Градскиот музеј на Крива Паланка денеска свечено беше промовиран новиот музејски клуб и неговите почесни членови, во чест на Меѓународниот ден на музеите - 18 мај, кој годинава се одбележува со темата „Музеи, одржливост, благосостојба“.
Општина Старо Нагоричане на секое прваче кое ќе се запише во учебната 2023/24 година ќе му даде по 3.000 денари. Советниците ја донеле оваа одлука на поселдната седница со цел да им ги олеснат трошоците на семејствата на новите ученици.
,,Рурален туризам, нова перспектива во младинските мобилности" е нов проект на СОУ„Митко Пенџуклиски“ од Кратово насочен кон развојот на туризмот и угостителство во еден од најстарите градови на Балканот, препознатлив по непроценливите културни, природни и туристички потенцијали.
Завршена е реконструкцијата на стариот пат на делницата од селата Младо Нагоричане до Зебрњак. Патот е е во должина од 4.2 километри и широчина од 5,2 метри.
Во Градски Музеј Крива Паланка денеска се одржа академски час "Гоце Делчев, апостол на слободата", посветен на 120-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Тука сме да ja поздравиме динамиката на изведбата на градежните работи на оваа делница, која е дел од Коридорот 8, чија доизградба заедно со Коридорот 10-д, е најголемиот инфраструктурен проект на нашата држава досега, кажа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот Благој Бочварски и директорот Ејуп Рустеми, денеска, беа на увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка кои свират на пијано под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски ја воодушевија жири комисијата на престижниот Меѓународен натпревар „Golden piano talents“.
Во Старо Нагоричане деновиве се спроведе акција за поставување на урбана опрема во центарот на селото, која е исклучиво од природни и еколошки материјали.
Нелегална трговија со свињи во Крива Паланка спречиле инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР), а истата појава е заблежана и на подрачето на општина Радовиш.
Североисточниот, како најнеразвиен регион во државата, добил само 8,4% од вкупните буџетски средства за рамномерен регионален развој, иако го следуваат 17,3%. Во Скопскиот регион како најразвиен, пак, иако треба да бидат распределени 7,2% во средствата за оваа намена, алоцирани се дури 26,2%.
Во EU House Крива Паланка беше промовирана стихозбирката „Топли одрони“ на поетесата Ирена Белешковска, која претставува нејзино поетско деби со кое најавува ново и надежно поетско име на книжевната сцена.
За упис во прва година во средните училишта во општините Куманово и Липково има слободни места за вкупно 2298 ученика. Од нив 2128 се за во четирите кумановски училишта, а 170 места во липковската гимназија.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса