“Сами Фрашери“ го освои пехарот на градоначалникот
Гимназија “Сами Фрашери“ го освои пехарот на градоначалникот на турнирот во мал фудбал, кој го организираше Општинскиот сојуз на спортови за празникот 11 Ноември.
Гимназија “Сами Фрашери“ го освои пехарот на градоначалникот на турнирот во мал фудбал, кој го организираше Општинскиот сојуз на спортови за празникот 11 Ноември.
Организацијата на резервни официри на Македонија денеска во Куманово одржа Свечена академија на која повика на национално единство.
Борци, поранешни градоначалници, претставници од МВР, армиски и полициски ветерани, денеска беа на прием во општина Куманово по повод утрешниот празник 11 Ноември - Денот на ослободувањето на градот.
Во Уметничката галерија утре во 13 часот ќе биде отворена изложбата “70 години слободно Куманово“.
Општина Старо Нагоричане со низа активности ќе го прослави 11 Ноември - Денот на ослободувањето.
Милан С.(76) од село Конопница утрово загина на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, откако во него удрил капак од багажник на автобус .
На бензинската пумпа на “Макпетрол“ на излезот од градот, утре ќе се одржи крводарителска акција , организирана од Црвен Крст Куманово.
Жители на селата Ваксинце и Лојане, и еден велешанец криумчареле мигранти.
Над илјада кумановци денеска излегоа на Црвениот ноемвриски марш, што по повод 70 години од ослободувањето на Куманово го организираше општинската организација на СДСМ.
На реката Пчиња, утре ќе се одржи Меѓународниот куп во спортско риболовство “11 Ноември 2014“, што го организира риболовно друштво “Пчиња“.
Младите од СДСМ, заедно со вработените од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“, денеска засадија зимзелени дрвца во местото викано “Кошеви“ во населбата „Гоце Делчев„.
“Балканската опседнатост со историјата и што да правиме со неа“, беше темата на која дискутираа повеќе млади кумановци, со цел да дознаат како историјата влијае на народите кои живеат на овие простори.
Во село Режановце денеска се дегустираа пити, колачи, режановска муќканица и други специјалитети од праз подготвени од вредните домаќинки од селото.
Во спортската сала на Гимназијата “Гоце Делчев“, денеска, се одржува петтиот Меѓународен пинг - понг турнир, организиран од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“ и општина Куманово.
Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев„ учествуваше на Републичката смотра на фолклорните ансамбли на Македонија, која се одржа во Охрид.
Во 9 фирми во Куманово и Липково, во изминатите три дена, Управата за јавни приходи откри неправилности во фискалното работење .
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса