Седми Парламентарни избори
Во Македонија денеска се одржуваат седмите Парламентарни избори.
Во Македонија денеска се одржуваат седмите Парламентарни избори.
Во училишниот дом „Професор Мијалковиќ„ денеска гласаат 96 раселени лица од липковскиот регион. Гласањето се одвива без проблеми и до 12 часот на гласачкото место излегле дваесетина граѓани.
Општата болница во Куманово доби современа опрема во вредност од 1 милион евра. Највреден е компјутерскиот томограф за длабинско снимање на организмот, прв од ваков вид во болницата.
Коалицијата "За подобра Македонија",предводена од ВМРО-ДПМНЕ синоќа на Градскиот плоштад во Куманово одржа предизборен митинг.
Гордана Јанкуловска, носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ и сеуште првата полицајка вчера беше гостинка на верскиот христијански празник Спасовден во Довезенце каде помина еден час со овдешните жители на во празничен амбиент на месноста Еленец, каде што довезенчани го слават Спасовден.
Претставници од најпознатата фирма за гасификација „ЦПЛ - Италија„,која што врши испорака и снабдување со гас на домаќинства во повеќе од 360 општини во Италија е заинтересирана да инвестира во Североисточниот регион.
Носителката на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија„ Гордана Јанкуловска, синоќа се сретна со граѓаните на улицата ,,Драган Стопаревиќ и ги повика да гласаат за кандидатите на нејзината листа број 5.
Момчило Трајковски, кандидат за пратеник на ЛДЛ од Старо Нагоричане во изборната единица два денеска на прес конференција зборуваше за решенијата за проблемите на земјоделците во програмата „Има излез„.
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека го запоседнала Градскиот плоштад, поставувајки огромен шатор за презентирање на партиски активности, притоа не водејќи грижа за интересите на граѓаните.
По повод Денот на пожарникарите на Градскиот плоштад вчера за граѓаните беше организирана презентација на новите возила и опрема на противпожарната служба Куманово.
Работилница од кампањата “Каков белег ќе оставиме„, која ја спроведува Националниот демократски инситут и Македонско женско лоби, денеска се одржа во Куманово.
Работна група на Здружението на новинарите на Македонија денес пред кумановските новинари организирани во Регионалниот центар на ЗНМ во Куманово го презентираше Прирачникот за покривање на изборите изработен врз основа на правилата на Меѓународната федерација на новинари.
Кандидатите за пратеници на СДСМ од Куманово Оливер Спасовски, Снежана Захариева и Мартин Костовски синоќа одржаа мини митинзи во селата Пчиња, Студена Бара и Доброшане, при што зборуваа за економско-политичката состојба во државата, а воедно ја представија нивната програма.
Првата полицајка на Македонија вчера во кумановското Здружение на бранители потпиша пристапница со што стана член на Здружението.
Националниот празник на Власите во Македонија, вечерва свечено ќе се одбележи и во Куманово.
„Ќе му пратам пет кила месо на Зоран Заев во Струмица од смрденото месо што Самка го донесе во Шутка за да им го дели на Ромите, а на Бранко повторно ќе му дадам гол со пета‘‘ - порача од синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалициајата одржан на булеварот „Октомвриска Револуција„.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса