Контејнерите празни, ѓубрето на тротоар
Во центарот на градот пред Музичкото училиште „Панче Пешев„ за да се задоволат потребите на граѓаните и околните продавници поставени се три контејнери за депонирање на смет.
Во центарот на градот пред Музичкото училиште „Панче Пешев„ за да се задоволат потребите на граѓаните и околните продавници поставени се три контејнери за депонирање на смет.
На Елена Петрушевска (22) од Куманово дипломец на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорката Марија Муратовска Наумовска, заедно со Дејан Тошев концертот за класична музика во Младинскиот културен центар во Куманово е појдовна точка за Виена, Австрија.
Осумдесетина дечиња од градинката „Развигорче„ денеска прославија миниматура и нивното заминување од градинка во училиште.Децата од сите групи организираа приредбата за славениците, нивните родители и роднини.
Во полуфиналето од натпреварувањето „Јас имам талент„ што го организира основното училиште „Крсте Мисирков„, 70 ученици влегоа во финале, а 45 испаднаа од понатамошното натпреварување.
Сејди Бељули (75) од Куманово завчера во несреќен случај го загуби животот во неговиот двор, кога врз него паднала и го затрупала бетонска ограда висока 2 метра.
Регионалниот пат кон граничниот премин Пелинце во Општината Старо Нагоричане се реконструира. Проширувањето и асфалтирањето на делницата започна од вчера, а во првата фаза ќе бидат опфатени 2 километри од м.в.Света Петка„ до влезот на селото Старо Нагоричане.
Управниот одбор на ЗЕЛС денеска одржа работен состанок во Спортско-рекреативниот центра „Пелинце„. На седницата се дискутираше за втората фаза од децентрализација и кои се причините поради кои дел од општините се уште не го заокружиле тој процес.
Дечињата од големата група од градинката „Синоличка„ денеска прославија миниматура. На приредбата по тој повод, во дворот на градинката пред своите родители, дечињата покажаа што научиле од своите воспитувачки и негователки.
Спомен костурницата на паднатите борци во Кумановската битка „Зебрњак„ во селото Младо Нагоричене секој момент може да се урне од експлозиите кои се вршат во блискиот каменолом.
Од тековните резерви на Буџетот на општината Куманово ќе бидат издвоени 1,5 милиони денари за санирање на последиците од неодамнешната поплава што го зафати Спортско-рекреативниот центар Пелинце.
Истражен судија од Основниот суд Куманово му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на М. З. (21) од Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“
Основното училиште "Кочо Рацин" одбележа 65 години од своето постоење. По тој повод денеска во училиштето се одржа свечена приредба. Директорот Драгиша Цветковиќ,потсети дека во тековната година се реализирани повеќе проекти, а со тоа се подобрени и резултатите на училиштето.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ утревечер ќе биде отворена изложба на цртежи и слики од авторката Мирјана Крстева Массети, која живее и работи во Гевгелија.
По повод 25 мај, роденденот на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз-Тито на Градскиот плоштад пред неговото спомен одбележје денеска свежо цвеќе положија група на граѓани, почитувачи на неговиот лик и делото ,борците на НОБ и членовите на Реформираната Комунистичка Партија на Македонија.
Црквата "Св.Тројца" или попозната во народот како „Нова црква„ денеска го слави својот светец. По тој повод во црквата се одржа свечена литургија со која чиноначалствуваше владиката полошко-кумановскиот Кирил, а програмата беше збогатена со црковени песни.
Над 300 ученици од кумановските основни училишта вчера зедоа учество во манифестацијата „Јас имам талент„ што ја организираше ОУ „Крсте Мисирков„ од Куманово. Младите имаа можност да го покажат својот талент во пеење, рецитирање, глума и танцување.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса