Викендов сончево, наутро студено
Викендот ќе преовладува стабилно и суво време, на места со пад на утринските температури и под нулата.
Викендот ќе преовладува стабилно и суво време, на места со пад на утринските температури и под нулата.
521 македонски државјани побарал азил во Германија само во текот на септември, а во август нивниот број бил 498 , сопштуваат од МНР.
Претставниците на Северо-источниот плански регион денеска во Куманово расправаа како да создадат услови за отварање на угостителски објекти, пред се хотели, мотели и други спортско-рекреативни центри покрај коридорите 8 и 10 за да ги опслужат и задржат туристите кои доаѓаат во нашата држава.
Жителите на селото Лопате наскоро ќе добијат канализациона мрежа. Во тек се работите на изградбата на канализациониот вод во должина од 1.9 километри.
Над 100 зависници од опојни дроги се лекуваат во Центарот за зависности во населбата „Гоце Делчев„. Во Центарот се користи методата на метадонска терапија, со која пациентите постепено треба да се одвикнaт од користењето на дрога.
Жителите од двете месната заедници се пожалија дека со години живеат со нерешени и инфраструктурни проблеми и без простории за потребите на месните заедници.
До крајот на месецот ќе се постави мерно-регулационата станица од А.Д. „ГАМА„ по што ќе започне дистрибуцијата и користењето на гасот од големите потрошувачи во градот.
Невладината младинска организација Мulti-Култи за младите од градот организираат дневна шема во нејзините простории на булеварот Трета „МУБ„.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до граѓаните на Куманово по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври.
На граничниот премин Табановце на влез во државата цариниците откриле 74 парчиња текстилни производи.
Во Советот на Општината Куманово денеска и официјално започна употребата на српскиот и ромски јазик. Со поставување на техничката опрема и ангажирање на двајца преведувачи на денешната седница советниците Срби и Роми зборуваа на својот мајчин јазик.
Стефан Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска даде свечена заклетва и му беше верификуван мандато во Советот на Општината. Тој во советот доаѓа на местото на Миомир Панковски, кој си поднесе оставка поради неспоивост на функции.
Од вчера започна расчистувањето на коритото на реката Пчиња во Општината Старо Нагоричане.
Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово го реализираше проектот за цртање на потпорни улични ѕидови во градот. Волонтери од Италија, Полска и Финска цртаа на ѕид долг 52 метри на улицата „Драган Стопаревиќ„.
Раководството на општинската организација на СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за лепење на плакатите против нивниот лидер Бранко Црвенковски, и рекоа дека тоа е доказ за паниката што владее кај политичкиот опонент што троши народни пари за вулгарни кампањи.
Советникот на ДПА Халил Куртиши се закани дека неговата партија ќе бара Куманово да се подели на два дела доколку не се започне со рамномерен и подеднаков развој на целата територија на градот.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса