Поскапуваат бензините за еден денар, дизелот за половина денар
Бензините поскапуваат за 1 денар, а дизел и екстра лесното масло за половина денар од вечерва на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините поскапуваат за 1 денар, а дизел и екстра лесното масло за половина денар од вечерва на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Три часа траела акцијата на кумановските пожарникари за спасување на риболовец, кој утринава пропаднал во жив песок во реката Пчиња, во атарот на кумановското село Студена бара.
Со расчистување на сметот, кастрење на грмушки и косење на тревата се средува просторот околу поштата во населбата Зелен рид. Работниците на ЈП „Чистота и зеленило“ од утринава се на терен извршувајќи ги операциите за доведување на локацијата во ред.
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во текот на јули органзира повеќе настани за граѓаните од различни возрасти и интересирања. Дел од нив се традиционални манифестации, работилници за деца, но на програмата се и изложби и проекции, како и премиера на албанската драма.
Во петте средни училишта во Куманово, во двата уписни рока во јуни се запишани вкупно 1.078 ученици, а по конкурсот на Министерството за образование и наука (МОН) се предвидени 2.187 деца. Ова практично значи дека недостасуваат 1.109, деца, повеќе од 50 посто од проектираните слободни места.
Кумановската полиција ноќеска привела 47-годишен кумановец, под сомнение дека извршил обљуба.
Во Општина Куманово се поднесени 96 барања за обештетување по невремето што го зафати градот пред 10-тина дена. Пријавени се штети на земјоделски површини со насади, како и недвижен и движен имот.
Најмногу бесправно изградени објекти, минатата година се откриени во Куманово 133. Според податоците на Државниот завод за статистика во истиот период во град Скопје се откриени далеку помалку- 112.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 20 часот ќе биде изведена монодрамата „Надежда Петровиќ“ од актерката Биљана Ѓурковиќ, од Белград.
Oвчар од Куманово, наместо да ги чува, ги продал овците на газдата и заработил милион денари, по што бил пријавен во полиција.
Андреја Маџовски, дипломиран професор по физичко образование е назначен за в.д. директор на ЈП „Куманово-паркинг“.
Детскиот младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“ утре со почеток во 20 часот ќе одржи целовечерен годишен концерт во Центарот за култура „Трајко Покопиев“ во Куманово.
Од утре започнува со работа народната кујна која ќе обезбедува еден дневен оброк за 73 граѓани. Услугата ќе ја врши Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“- Куманово, со финансиска поддршка од страна на Општина Куманово.
Татко и син се повредени при физичка пресметка претпладнево во кумановската населба Иго Тричковиќ, по што и двајцата се пренесени во болница.
За уште 4 месеци да се продолжи мерката за субвенциониран линиски превоз на територијата на Општина Куманово, и за линиите утврдени со спогодбата меѓу Куманово и Општина Старо Нагоричане, одлучи мнозинството во Советот на Општина Куманово на денешната седница.
За 24 отсто или 12,5 денари ќе се зголеми цената на водата во Куманово, одлучија денеска советниците. Во цената се вкалкулирани и тарифите за собирање, одведување и прочистување на отпадните води.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса