Повредени двајца полицajци во сообраќајка на автопатот Скопје- Куманово
Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“.
Двајца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера, на автопатот Скопје- Куманово, во близина на клучката „Илинден“.
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, утре, 3 јули, со почеток во 20 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на соло песни за љубителите на класичната музика.
Во Основниот суд во Куманово денеска продолжи судењето против градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, за злоупотреба на службена положба и областување, по кривична пријава на ОЈО Куманово. На рочиштето сведочеше Емилија Сларидис Јаневска, раководителка на Сектор за урбанизам во Општина Куманово.
Ноќеска во село Романовце била опожарена куќа, но за среќа нема повредени лица.
Венко Филипче добил 181 глас на партиските избори во Куманово.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани и правни лица, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на МВР и ЕВРОПОЛ, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.
Започна исполнувањето на најитните барања на месното население од селото Пчиња по минатонеделниот протест поврзан со проблемите и честите пожари на Краста, депонија на која се изнесува целиот смет од Куманово.
Утврдување на тарифите за водоснабдување, продолжување на мерката за бесплатен автобуски превоз и уписи на деца во градинките над проектираниот капацитет се дел од 44- те точки на дневниот ред на 42-та седница на Советот на Општина Куманово. Седницата ќе се одржи во кружната сала на Комитет утре, среда, 3 јули, со почеток во 10 часот.
Ноќеска на полноќ на територија на Општина Куманово ќе започне прскањето од земја против возрасни форми на комарци.
За половина денар ќе се зголеми цената на бензинот Еуросупер БС-95, кој од вечерва на полноќ ќе чини 83 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Без сообраќаен знак за опасност и предупредување за внимателно движење на возачите и пешаците, денеска се поправаше улицата „Димитар Влахов“ покрај Стара Црква.
Зголемениот временски период на чекање на Граничниот премин Табановце, за влез и излез од територијата на Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Кумановец е повреден на патот Куманово - Свети Николе откако паднал од мотор.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година, за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции.
Од први јули, за 0,4 отсто ќе поскапи струјата за 88 отсто од домаќинставата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена е направена откако во вторникот беа донесени измените на Законот за енергетика, со кои се овозможи минамално зголемување на цената.
Во изминатите 24 часа најмногу дожад наврнал во Куманово – 17 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса