Предновогодишен концерт на хорот на Националната опера и балет во Куманово
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва /вторник/ во 19 часот предновогодишен концерт ќе оддржат солисти од хорот на Националната опера и балет од Скопје.
Во малата сала на Центарот за култура во Куманово, вечерва /вторник/ во 19 часот предновогодишен концерт ќе оддржат солисти од хорот на Националната опера и балет од Скопје.
Првата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар ќе биде завршена до октомври 2024 година. Инвестиција од 40 милиони евра, а прогресот на изградбата е според динамчкиот план, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при вчерашната посета на Куманово.
Во Куманово од утре (среда) ќе започне со работа новиот продажен објект на ланецот Елида маркети во Куманово.
Невладината организација „Ајде да шириме љубов“ традиционално организира акција за доделување на пакетчиња и друга помош на децата од социјално ранливи семејства. Дедо Мраз веќе подели 116 подароци на децата од Габреш, Доброшане и во семејства во Куманово.
Објавен е списокот на граѓани на кои им е одобрено субвенционирањето на дел од трошоците за приклучување на гасоводната мрежа во Куманово, кои ги одобри Министерството за економија. На јавниот повик се пријавиле 90 домаќинства од Куманово и на сите им се одобрени по 25.000 денари.
Премиерот Димитар Ковачевски, на вчерашната трибина „Ние сме Европа“, во Куманово кажа дека со растот на инвестициите во обновливи извори на енергија, Владата кризата ја претворилa во можност да станат лидери во енергетската транзиција, а нашата земја во зелен енергетски хаб.
Тезгите на платото пред Центарот за култура во Куманово, кои беа поставени по повод новогодишните празници, отстранети се во петокот вечерта по бурните реакции на граѓаните дека наместо да го разубави го нагрдува центарот на градот.
Од вечерва на полноќ нафтата и нафтените деривати се намалуваат за два денари за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Осумдесет и тригодишна жена од Куманово вчера во 18.30 часот пријавила во Кумановската полиција дека била измамена за сума 10.000 евра.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР и Бирото за јавна безбедност, денеска во Куманово остварија работна средба со раководствата на СВР Куманово, СВР Тетово и на Регионалниот центар за гранични работи Север за да се запознаат со резултатите од постапувањето на полициските службеници по поставените стратешки приоритети и цели, со цел зголемување на безбедноста во заедницата.
Група од четворица кумановци и еден штипјанец се осомничени дека со години се занимавала со лихварство, изнуда на парите што незаконски ги позајмувале и закани кон оштетените дури и кога ќе ги врателе парите.
Учениците ќе поднесуваат пријави за финансиска помош од Владата во училиштата, а студентите на апликацијата за електронски услуги на Министерството за образование.
Триесет и седумгодишна кумановка синоќа била пријавена дека исчезнала од дома. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот сопруг.
Вчера во 16.45 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 23-годишен жител на Кратово.
Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 155 возачи.
Трибина под мотото „Ние сме Европа“, во организација на Владата, односно Секретаријатот за европски прашања е закажана за понеделник со почеток во 18 часот во Центарот за култура во Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса