Проектот за реконструкција на малиот плоштад во Куманово е донација од делчевска фирма, која вреди 1,5 милион денари
Основниот проект за конзервација, реставрација, санација и адаптација на плоштад „Нова Југославија„ и улица „Плошдат Маршал Тито“, во Куманово е изработен од фирмата „ГЕО КОМ“ ДООЕЛ Делчево. Проектот е во вредност од 1,5 милиони денари или околу 25.000 евра.