Близу 14 илјади граѓани добиле опомени за неплатен данок за лани од Општина Куманово
Општина Куманово минатата недела доставила 13.974 опомени за неплатен данок на имот на физички лица за 2022 година. Вредност на неплатениот данок изнесува 25.363.140 денари, односно нешто повеќе од 412 илјади евра.