Тројца повредени во сообраќајката на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на с.Псача, општина Ранковце.
Три лица се повредени во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во атарот на с.Псача, општина Ранковце.
Повеќе од 2,5 часа е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Ранковце - Крива Паланка, поради тешка сообраќајна незгода.
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година.
Куманово е една од петте општини во земјава, која има мобилен тим за идентификација на ранливи категории граѓани и жртви на трговија со луѓе.
Мигрант бил прободен со остар предмет утрово во Куманово, по што кратко потоа починал. Според МВР, се работи за физичка пресметка помеѓу повеќе лица, мигранти, а еден од нив го прободел другиот, по што тој починал.
Со години наназад жителите на улицата 14 во населбата Бабин Дол, чекаат Општина Куманово да се сети и да им ја асфалтира улицата.
Силно невреме проследено со пороен дожд и грмотевици вчера попладне го зафати кумановско.
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре вечер гостува Драмско-куклениот тетар „Иван Радоев“ од Плевен, Бугарија, со претставата „Еден човек и една жена“.
На сцената на МКЦ во четврток ќе се одржи третото издание на Фестивалот за детска песна "Распеано детство" во организација на Здружението "Етно-ризница".
Градоначалникот Максим Димитриевски тврди дека Министерството за труд и социјална политика (МТСП) врши притисок врз локалната самоуправа, при избор на директор во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово.
Од полноќ за половина денар поскапуваат еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство. Цената на еуросупер БС-95 и еуродизелот останува непроменета.
Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во општина Куманово, каде што присуствуваше на промоција на нови е-услуги во центарот Една точка за услуги (ЕТУ).
Едно лице загина вчера попладне откако се превртел трактор во канал покрај патот во кумановското село Тромеѓа.
Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“ ќе се одржи утре и задутре во Занаетчиски дом во Куманово.
Две малолетни девојчиња се повредени во сообраќајна несреќа синоќа на крстосницата од бул.“Октомвриска Револуција“, ул.“Иво Лола Рибар“ и ул.“Ѓорче Петров“, кај зеленото пазарче во Куманово.
Граѓани од сите возрасти, деца, спортисти и политичари, денеска се приклучија на хуманитарната трка под мотото „Трчај/Оди за живот“, која ја организираше Советот на Општина Куманово за помош на двете девојчиња Теодосија и Ана, кои се на лекување во Турција.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса