Буџетот на Општина Куманово е оштетен за 1,3 милиони евра поради отпис на долгови за комунална такса и фирмарина, тврди Левица
На последната седница на Советот на Општина Куманово беше изгласана предлог одлуката за отпис на парични побарувања по основ на комунална такса за фирма и данок на имот за правни и физички лица во износ од 1.300.000 евра, објавуваат од Левица, локален огранок Куманово.