Отворена изложбата Жените и фотографијата
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата „Жените и фотографијата“ во организација на Фото Клуб Куманово.
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата „Жените и фотографијата“ во организација на Фото Клуб Куманово.
Како компанија која континуирано вложува во добросостојбата на своите вработени и компанија во која бројот на вработени жени е 60% од вкупниот број на вработени, континуирано ја докажуваме битната улога на жените во општеството со тоа што работиме на подигање на свеста за подобрување на правата на жените, нивно изедначување со мажите и еднаков пристап во сите сфери на општественото живеење.
Возач на автомобил го загуби животот откако удрил во столб на наплатната рампа Романовце на автопатот Куманово-Скопје . Сообраќајната несреќа се случила утринава околу 3.30 часот.
Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев “ вчерва во 20 часот концерт ќе оддржи матичниот Младински оркестар.
Младите родители на деца од предучилишна возраст мора да бидат свесни за опасноста што ја предизвикуваат современите уреди, а кои влијаат на растот и развојот на децата. Последиците од дигиталните уреди и електрични играчки се гледаат во се почести проблеми со говорот, но и во сознајните функции, односно децата имаат целокупно задоцнет психомоторен развој, посочува дефектологот д-р Милена Илиќ Пешиќ, која има 20-годишно искуство во оваа област.
Ударните дупки по улиците и булеварите во Куманово ќе бидат пополнети со асфалт во пролетната акција за поправка на оштетените коловози, која се очекува да започне до 15 март.
Одлуката на Општина Куманово ретроактивно да го намали процентот на искористеност на земјиштето за градба ја поништи Уставниот суд, затоа што смета дека води кон правна несигурност, а граѓаните ќе се соочуваат со тешко отстранливи последици.
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец. Тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улица „Железничка станица“ Куманово.
Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена националната изложба „Жените и фотографијата“, која ја организира Фото клубот Куманово по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.
Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува по одлуката на Општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2023 година.
Во текот на изминатиот викенд во Куманово санкциониранo e едно лице поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 2.18 промили. Друг возач, пак, е казнет поради неприлагодена брзина на движење од 103 км/ч во населено место.
Во Куманово денеска беа потпишани договори за национално кофинасирање со Министерството за локална самоуправа за реализација на два проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Договорите ги потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалникот Максим Димитриевски и ВД директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски.
Општинската организација на Црвен крст започна со обука на 18 лица, долгорочно невработени, кои ќе добијат сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост. Курсот ќе трае во наредните два месеци,а се одвива по програма во четири модули. Обуката ја спроведуваат стручни лица - доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник.
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на целата држава.
Врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на четири лица во с.Љубодраг, кумановско.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса