Граѓаните ќе организираат Соколанска вечер како потсетување на игранките од нивно време
На паркингот пред спортската сала Соколана утревечер по повод празникот Прочка ќе се одржи игранка, која ја организира група на граѓани како потсетување на едно време кога овој објект беше центар на културно-спортскиот живот во градот.