Нападнат вработен на „Куманово-паркинг“
Жител на Черкеско село нападнал вработен во ЈП „Куманово-паркинг“ додека ги извршувал работните задачи во центарот на Куманово.
Жител на Черкеско село нападнал вработен во ЈП „Куманово-паркинг“ додека ги извршувал работните задачи во центарот на Куманово.
Таткото починал, а двајца синови се повредени, гаснејќи го пожарот кој вчера попладне ја зафатил нивната куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово. Пожарот избувнал околу 17 часот, а изгаснат е околу 19 часот.
На подрачјето на СВР Куманово во јануари 2023 година се случиле вкупно 27 сообраќајни незгоди, во кои 1 лице загинало, 2 се здобиле со тешки телесни повреди, 9 со телесни повреди и 15 со материјална штета. Тоа е 34 отсто помалку за истиот период во минатата година.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на делови од градот и повеќе села во Старо Нагоричане и Куманово.
По еден месец поминат во затворот „Идризово“, поранешниот директор на Царината Драган Даравелски, денеска е пуштен на слобода, откако Основен суд Куманово, од Основниот кривичен суд Скопје беше известен дека му е одобрено барањето за повторно судење.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.
Националната установа Музеј Куманово ова година ќе добие 1,6 милиони денари од Министерството за култура за реализација на 25 проекти. Најмногу пари се предвидени за музејската дејност и археолошките истражувања.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 13 часот ќе се одржи изложба на дела од Лесновска ликовна колонија.
Билјана Станковска и Анита Димовска од Куманово, се авторки на две бајки во новата книга за деца „Детелинки- белинки:современи бајки со четири листенца“, која беше промовирана викендов во рамките на Денови на литературата во Скопје. Делото содржи 16 современи бајки од 15 автори.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.Ј.(69) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?
Општина Куманово ќе издвои 3 милиони денари за поддршка на здруженија и правни субјекти, кои се заинтересирани да вршат услуги од социјална заштита за 2023 година.
На улицата Доне Божинов, во близина на Спомен костурницата синоќа изгоре автомобил, откако се запалил во движење.
Од 8.30 до 14 часот денеска без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици во центaрот на градот.
Од вечерва на полноќ бензинте поевтинуваат за половина денар, а дизелот поскапува за истата сума по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса