Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1200 садници кај Костоперска карпа
Вработените на „Дрекселмаер“ засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа, во селото Младо Нагоричане.
Вработените на „Дрекселмаер“ засадија околу 1200 садници од видот бел бор во месноста Костоперска карпа, во селото Младо Нагоричане.
Б.Ј.(40) од Куманово, кој вчера со убод од нож го усмрти неговиот татко денеска по итна постапка ќе биде сослушан од јавен обвинител во Основното јавно обвинителството во Куманово.
Кумановец со нож го нападнал својот татко, кој им подлегнал на повредите. Убиството се случило денеска околу 15 часот.
Традиционалното фрлање на светиот крст на празникот Богојавление ќе се изврши само во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.
Д.Д.(41) од Куманово пријавил дека неговото патничко моторно возило „фолксваген тигуан“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано на улицата „Живко Чало“ Куманово, вчера било оштетено од залутано зрно од огнено оружје.
Општина Куманово отвори повик за обезбедување на помош за домување на материјално и стамбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош за 2023 година. Повикот е отворен од 10 јануари до 10 февруари 2023. Со мерката општината ги субвенционира во вид на кирија корисниците кои се приматели на гарантирана минимална помош и се стамбено необезбедени.
Синоќа во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.М. (45) од Штип и С.С. (45) од Куманово.
На автопатот Скопје - Куманово на патарината Романовце, синоќа околу 20 часот товарно возило удрило во наплатната кабина.
Општина Куманово вчера го објави повикот за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во 2023 година, за граѓаните од социјален ризик.
Полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово. Таа се сомничи дека вчера оклу 15 часот одзела паричник и пари од канцеларија на вработена во Центар за зависности во Куманово.
На поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената должност, делото не му е застарено и тој ќе мора да ја отслужи казната откако вчера беше уапсен на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница.
Минатата година беа пуштени во употреба два нови кружни тека на најпрометните раскрсници во Куманово, едниот на раскрсницата меѓу Булеварот Трета МУБ и улиците Бајрам Шабани и Гоце Делчев, а вториот меѓу двата булевари Трета МУБ и Октомвриска Револуција.
Второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари ќе започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици, одлучи Владата на денешната седница.
На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница денеска е уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски.
На зградите на 4 училишта во Куманово се поставени фотоволтаични централи, а 2 од нив веќе се ставени во функција. Најдоцна до почетокот на февруари се очекува да заврши инсталирањето на овие обновливи извори на енергија на уште две училишта.
Филип Атанасовски и Душан Цаневски се прогласени за најдобри полицаец и пожарникар за 2022 година, заради нивните заслуги во работењето. Традиционалната наградата ја врачува Општина Куманово на крајот на годината на предлог на службите кои се грижат за безбедноста на граѓаните.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса