Општина Куманово лани исплатила 21.000 евра оштета на граѓани каснати од куче
Општина Куманово лани од својот буџет им исплатила 1.290.685 денари (21.000 евра) на граѓани кои ја тужеле бидејќи биле каснати од куче. Надомест за претрпени физички повреди и психички трауми добиле 14 лица, а биле пријавени 39 каснувања од улични кучиња на територијата на Општина Куманово, но не сите постапки се завршени.