Изгоре камион на „Биљановска“
Во СВР Куманово било пријавено дека вчера попладне на ул.„Биљановска“ во Куманово настанал пожар во товарно моторно возило „там“ без регистарски ознаки, сопственост на М.В. од Куманово.
Во СВР Куманово било пријавено дека вчера попладне на ул.„Биљановска“ во Куманово настанал пожар во товарно моторно возило „там“ без регистарски ознаки, сопственост на М.В. од Куманово.
Ана Бранковиќ Јовановиќ (31) од Скопје која пред неколку години замина да работи во Соединетите Американски Држави е повредена откако била застрелана на работно место во ресторан во Чикаго.
Иако е мирна ситуацијата луѓето да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, апелираа од Комисијата за заразни болести по денешната средба на која беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба.
Денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе нова одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17% во однос на одлуката од 22 март.
Двајца малолетници од Куманово се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат Куманово-село Сопот, информираат од СВР Куманово.
„Оваа година, Хрватска и Македонија одбележуваат 30 години од воспоставување дипломатски односи, што ќе биде сјајна прилика да ја продлабочиме соработката, а за тоа постојат големи можности и потенцијали, не само на државно ниво, туку и на ниво на градови и општини“, рече амбасадорката на Република Хрватска во Македонија , Нивес Тигањ при денешната прва посета на Општина Куманово.
Вработена во приватна лабораторија од Куманово пријавила во полицијата дека од објектот биле одземени пари. Кражбата во полиција била пријавена ноќеска на полноќ.
Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) денеска пред кумановските бизнисмени и претставниците на локалните институции ги претстави придобивките од поставувањето на соларни фотонапонски панели и производството на електрична енергија за сопствени потреби.
Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Once again“ на авторот Давор Кешќец. Се работи за мала ретроспектива составена од дваесеттина графики и слики работени во последните неколку години.
Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16.35 часот ги привеле Е.Б.(27), С.Д.(21), С.А.(26) и Р.Р.(26), сите од Куманово.
Регулаторната комисија за енергетика објави дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат во однос на вчера, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.609 тестови, а регистрирани се 310 нови случаи на ковид-19.
Купишта ѓубре, пластика, стар мебел, градежен шут повторно се натрупани на дивата депонија на влезот на населбата „Перо Чичо“ во Куманово. Иако оваа депонија беше целосно расчистена пред само десетина месеци и беа поставени контејнери, жителите од околните куќи продолжија со старите навики да го фрлаат сметот под куќите, неводејќи грижа за животната средина ниту за последиците по здравјето.
Вработен во јавно претпријатие вчера бил нападнат во центарот на Куманово, додека извршувал работни задачи поврзани со паркирањето.
Јавните комунални претпријатија на општините низ земјава не ќе можат да ги снабдуваат граѓаните со вода и да чистат ѓубре ако Владата не им помогне, кажаа на денешната прес-конференција од Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ).
Малолетник од Куманово е фатен со лажен ПЦР тест кога сакал да ја помине државната граница.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса