Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“
Жителите од стамбениот комплекс во м.з. „Панче Пешев“ на потегот од „Жмара“ до „Мај маркет“, денеска го прашаа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, доколку ја добие поддршката на граѓаните, дали планира да го оплемени празниот простор покрај реката Липковска, или и понатаму ќе остане запуштен и покрај барањата на граѓаните за проширување и уредување на зелените површини во овој дел на градот.