Тројца кумановци добија кривични пријави за непочитување на полицискиот час
Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР. Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.