Нови 13 заразени од коронавирус во Куманово
Во последните 24 часа регистрирани се 410 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.674 тестирања.
Во последните 24 часа регистрирани се 410 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.674 тестирања.
Полициски службеник вработен на граничниот премин Табановце, отстранет е од работното место и отворена е дисциплинска постапка, затоа што пуштил патник да влезе во државата, без да поседувал валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација.
Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој најави дека една од неговите заложби ќе биде враќање на единството во партијата, ефикасноста и одговорноста и посветеноста на подобрување на животниот стандард на граѓаните, истакнувајќи дека неговата програма „Заедно одговорно, посветено, се базира на три клучни столба.
Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, откако му ветиле дека ќе му продадат злато по пониска цена.
Владата ќе отвори Почесен конзулат на Србија во Македонија со седиште во Куманово. За почесен конзул Владата го назначи Владимир Стајиќ.
Во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на ковид-19.
Од утре стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, соопштува Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во театар Куманово во тек се подготовките на новата детска тетарска претстава „Волкот и трите прасиња“. Премиерата треба да се случи во средината на декември, а ќе се одигра во Занаетчиски дом.
Поради интервенции на водоводна мрежа без вода се потрошувачите на неколку улици во градот.
Во текот на викендот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи.
Во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. По градови во:Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.
Некаква рестрикција во однос на затворање на граници и карантин за патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект во заштитата на новиот сој на ковид-19, омикрон, кој за првпат беше детектиран пред една недела во јужна Африка и веќе се прошири во неколку европски земји, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Бензинот од 95 и 98 октани, како и нафтата за домаќинствата од ноќеска на полноќ ќе се продава по цена пониска за 0,5 денари по литар. Цената на дизел горивото останува по иста цена. Само мазутот ќе поскапи.
Во СВР Куманово, вчера во 14.35 часот било пријавено дека во местото викано „Голем камен“, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В.(37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С.(45) од Липково.
Во последните 24 часа направени се 2.547 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19.
Двајца кумановци наместо да седам во домашна изолација се обиделе да ја напуштат државата со лажни тестови, при што биле откриени од граничните служби.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса