Алтернатива влегува во Владата, утре ќе кажат кои ресори ги добива
Партијата Алтернатива, која има 4 пратеника, вечерва одлучила таа да се приклучи на парламентарното мнозинство, односно да влезе во Владата.
Партијата Алтернатива, која има 4 пратеника, вечерва одлучила таа да се приклучи на парламентарното мнозинство, односно да влезе во Владата.
Во последните 24 часа направени се 3.042 тестирања, а регистрирани се 355 нови случаи на ковид-19.
Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР. Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.
Среда, 8 декември 2021 година, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на државава.
Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
Во дворот на Основното училиште „Браќа Миладиновци“ – Куманово денеска е пуштено во употреба пристапно инклузивно игралиште, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на ковид-19.
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост-3 Декември, денеска градоначалникот Максим Димитриевски, најави дека општина ќе работи на унапредувањето на квалитетот на живот на сите граѓани, вклучително и на овие лица.
Општината потпиша договор за изградба на нов кружен тек во Куманово. Ќе се гради на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, кај „Митев мост“, а ќе чини 36,5 милиони денари или 580 илјади евра.
Кумановската полиција денеска во два одвоени случео уапси четири лица од Куманово, заради тешка кражба. Двајца се сомничат дека краделе од две куќи и деловен објект, другите двајца пак краделе од гаража.
Во последните 24 часа регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.440 тестирања.
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2021 година.
Министерството за внатрешни работи започна превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.
Владата донесе одлука за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со струја за дополнителни 6 месеци, односно до 9 јуни. Предлог-одлуката ќе биде доставена на усвојување до Собранието.
При денешната контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници во Куманово, кај четири од нив се откриени непревилности на светлосната сигнализација и недостаци на опрема. Со акцијата биле опфатени 18 возила на приватните превозници.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса