Куманово меѓу градовите со најголема трансмисија на коронавирусот
Куманово е еден од градовите во државата кој во моментот е со најширока трансмисија на вирусот, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.
Куманово е еден од градовите во државата кој во моментот е со најширока трансмисија на вирусот, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.
Кумановец на возраст од 87 години го победи коронавирусот во домашни услови. Од неговото семејство кажува дека С.З., откако почувствувал симптоми, на 5 ноември направил тест, кој потврдил дека е заразен од ковид-19 и по 20 дена е излекуван.
Во последните 24 часа регистрирани се 1.093 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.084 тестирања, информира Министерството за здравство.
Куманово е град хероj, ова е градот во кој многу луѓе во историјата го дале својот живот за Македонија и затоа нема да дозволиме никој да тргува со оваа држава, со нашиот идентитет и со нашиот јазик, изјави пред почетокот на протестот по кумановските улици, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Полицијата приведе две лица од Куманово на возраст од 59 и 52 години, поради пронајдена марихуана со вкупна тежина од 36 килограми. Тие се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор од 30 дена.
Денеска започнува реализацијата на проектот за уредување на комплексот кај Спомен костурница во Куманово.
Од денес, па до понеделник салонот на „Алфи Техноцентар“ во Куманово ќе биде место кое сигурно ќе сакате да го посетите. Во рамките на акцијата „Блек фрајдеј“ во салонот ќе можете да го најдете производот кој долго време сакате да го купите, на попуст и до 60 отсто.
Под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, денес со почеток во 18 часот на паркингот кај спортската сала во Куманово, ќе започне протест на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.
По повод одбележување на 16 дена активизам против родово базирано насилство , Соња Тодоровска, координаторка на Форумот на жените на ОО СДСМ Куманово, ги повикува сите гласно да кажат „НЕ!“ на стереотипите и насилството врз жените и девојчињата.
Поради интервенции на водоводната мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на пет локации во Куманово.
Во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19.
Од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови од коронавирус и во Здравствениот дом во Куманово, соопшти Министерството за здравство.
Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е целосно реконструиран и адаптиран, со што се подобрени условите за живот и учење на сто и дваесет ученици со лесна физичка попреченост.
Куманово е ослободено на 11 Ноември на 1944 година од страна на 17-та и 18-та Македонска партизанска бригада. Куманово во НОБ даде над осумстотини партизански жртви и двојно повеќе цивили, кои се наведени во Спомен зборникот 1941-45.
Oд денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот ковид-19.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса