Кумановската болница објави телефони на кои може да се добие информација за состојбата на пациентите со ковид-19
Општата болница Куманово објави телефонски броеви преку кои членовите на семејствата на заболените од коронавирус ќе можат да добијат информации за здравствената состојба на нивните најблиски. Терминот за контакт со здравствените работници е секој ден од 12 до 13 часот, а се повикуваат граѓаните да не ги злоупотребуваат броевите.