Граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус при патувањето и на излетничките места, порачува кризниот штаб
Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата и Комисијата за заразни болести за заштита од коронавирус за време на продолжениот викенд, додека патуваат и се наоѓаат на излетничките места.