Администрацијата ќе работи во смени и од дома, кафулињата до 23 часот, одлучи Владата
Владата на денешната седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, како и да се ограничи капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.