Нема патување во Србија, БиХ, и Црна Гора без ПЦР тест, соопшти Владата
Поради влошувањето на состојбата со ковид-19 во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да им биде дозволен влез без приложување на негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји.