СДСМ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44 и ДУИ 15 мандати, според неофицијалните резултати на ДИК
Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера во Македонија.
Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освои тесна победа на предвремените избори што се одржаа вчера во Македонија.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, вечерва на прес конференција кажа дека СДСМ во Куманово води со 3.500 гласови предност.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевки, денеска го оствари своето гласачко право на избирачко место во просториите на поранешен ЗИК.
Претседателот на Владата и носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска гласаше на избирачкото место во О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.
Во Куманово до 17 часот на гласање излегле 36,55 гласачи, соопштуваат од Државната изборна комисија (ДИК).
Нови 12 случаи на ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив 7 се од Куманово и 5 од Липковско.
Во Општина Куманово до 15 часот гласачкото право на парламентарните избори го оствариле вкупно 30,6% од гласачите, односно 27.741 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.
До 13 часот на целата територија на државата гласале 23,8 отсто, а во изборната единица 2 гласале 21,6 отсто од луѓето кои имаат право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) .
Ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети граѓаните ќе можат да ги користат од денеска, 15 јули 2020 година, па се до 15 декември оваа година.
Во општините Куманово и Старо Нагоричане, правото на глас на десетттите предвремени парламентарни избори, до 9 часот го оствариле 6 отсто од граѓаните. Општина Липково забележува најмала излезеност во ИЕ2, со 1,81 отсто.
Во населбата „Бавчи“ во Куманово, синоќа во 22.30 часот на земјен пат , мопед „томос“, управуван од непознат возач, удрил во велосипед управуван од Џ.С.(36) од Куманово, па го напуштил местото на незгодата.
Два часа од започнувањето на изборниот процес на избирачкото место 1046 во Градска библиотека „Тане Георгиевски“ гласале околу педесетина граѓани.
Во Куманово, во 7 часот беа отворени сите избирачки места и започна гласањето на десеттите парламентарни избори.
СВР Куманово поднесe кривични пријави против Ш.Џ.(32) од с.Липково и А.Ј.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Шест позитивни на коронавирус се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Девет избирачки места во Куманово се преместени на нови локации затоа што старите не ги исполнувале просторните услови за спроведување на здравствените протоколи при гласање.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса