Поддршката за младите земјоделци ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра, кажа Тасевска
Во изминатите 3 години покажавме што значи грижа за земјоделството. Субвенциите ги зголемивме, а исплатата се одвива навремено и неселективно. За овие 3 години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, - изјави Лидија Тасевска, кандидат за пратеник на СДСМ во Втората изборна единица, на денешната прес-конференција.