Безбедносната состојба во Куманово поволна, тврди полицијата
Безбедносната состојба на територијата на Општина Куманово е поволна и задоволителна, истакна командирот на полициската станица Куманово, Игор Митевски на денешната седница на Советот на Општина Куманово, додека се разгледуваше Годишниот извештај за 2018 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово.