Објавен оглас за закуп на земјоделско земјиште во Кумановско
Објавен е јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во катастраските општини Куманово, Љубодраг и Младo Нагоричане. Станува збор за 48 хектари на 3 парцели.
Објавен е јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште во катастраските општини Куманово, Љубодраг и Младo Нагоричане. Станува збор за 48 хектари на 3 парцели.
Полициски службеник вербално и физички бил нападнат од возач на автомобил во липковско.
Такси услугата во Куманово се зголеми за 10 денари старт и 5 денари за километар. Досега беше по 50 денари за возење до 2 километри, а сега ќе чини 60 денари и за секој нареден километар по 30 денари.
Контејнерот е работното место на 39 годишниот Фатмир Шабани од Куманово, кој секој ден со количка по кумановските улици, собира пластика. Буричка низ отпадот и бара пластична амбалажа, која може да се продаде и на тој начин да го прехрани своето семејство.
Локалната самоуправа да набави инструменти за мерење на загаденоста на воздухот во градот, препорачаа екологистите на трибината за загадување на воздухот, што неодамна ја организираше Советот на Општина Куманово.
Едно лице е повредено по судир на на полициска шкода и поло на крстосницата од улица „11 Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“.
Куманово ќе започне постапка за јавно-приватно партнерство за јавното осветлување во Општината.
Кумановката Сузана Величковска осум години се грижи за деца без родители и родителска грижа во својот дом во населбата Карпош.
Волонтерите на Црвен крст Куманово, денеска однесоа хуманитарна помош на семејството Димковски во селото Габреш, кое останаа на улица откако им изгоре куќата. При тоа им предадоа прехрамбени пакети, вода, кебиња и топла облека.
Граѓаните може да пријават бездомни лица во центрите за социјална работа и во Црвен крст, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Во Домот на култура „Лазар Софијанов“ во сабота во 12 часот ќе биде отворена на меѓународна изложба на уметничка фотографија насловена како “Коритон”.
Командир во полициска станица за злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот на МВР.
Тричлено семејство остана без кров на глава откако им изгоре куќата во кумановското село Габреш.
Здружението „Коледари“- Чувари на традицијата, за празникот Свети Никола, организира литија на Градскиот плоштад во Куманово.
Врз основа на Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а не платени обврски, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане објавува јавен повик до доверителите на Општина Старо Нагоричане и доверителите на единките корисници основани од Општина Старо Нагоричане, од областа на образованието, социјалната заштита и културата, за пријавување на доспеани, а не наплатени побарувања.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.Г.(30) од село Опае, Липково, за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса