Сончево со мала облачност
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западните делови. По котлините ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.
Државата и општините да издвојуваат повеќе пари за субвенционирање и кредитирање на гасификацијата на домаќинставата и фирмите, ако сакаат широка примена на гасот за затоплување, апелираат екологистите.
Од оваа локална власт на СДСМ, не гледаме справување со енормното загадување во нашата општина, туку изјави од претседателот на Советот дека ситуацијата не е алармантна, пропратени со организација на скапи мега концерти и прослави.
Активот на жени на НСДП општинска организација Куманово, организира панел дискусија по повод „16 дена женски активизам“.
Општина Старо Нагоричане ангажираше 6 лица за помош на старците во извршување на дел од секојдневните обврски.
Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ, вчера на состанок со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски разговараа за последните подготовки за отворање на канцеларија во Куманово, за имплементација на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Србија.
Сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка е во прекин поради сообраќајна несреќа.
Сојузот на борците на Куманово, денеска со историски час го одбележа Денот на републиката - 29 Ноември.
Еден градежник загинал, а друг бил тешко повреден откако биле затрупани од одрон на земја, денеска во скопската населба Припор. Според првичните информации, животот го загубил 57-годишен скопјанец, а тешко бил повреден градежник од Куманово на возраст од 52 години.
Двајца кумановци и две лица од Дебар, заработиле кривични пријави поради закуп на простории за сместување на одделението за водење на матични книги – Куманово. Месечната кирија изнесувала 2000 евра, а буџетот е оштетен за 90.000 евра.
ВМРО-ДПМНЕ попладне ќе одржи протест во Скопје, кој ќе почне во 17 часот пред седиштето на партијата.
Изутринава времето во Македонија е облачно понекаде со локален дожд. Дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието и на повисоките места.
Иако државата преку Министерството за образование и наука, минатата година најавуваше дека ќе започнат засилени контроли од неколку институции на оброците што ги добиваат учениците во училишните мензи, засега нема ништо од тоа.
Министерството за здравство ќе обезбеди средства за гасификација на Општата болница во Куманово на почетокот на 2019 година, најави министерот Венко Филипче при посетата на Куманово.
Вчера избувнал пожар во просториите на Црвен Крст на ул. 11 Октомври во Куманово.
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса