
Стипендии за дефицитарни струки и за посдипломци
После цела деценија ја вративме поддршката за развој на научните и високообразовните установи, како и повикот за финансирање на реализацијата на научно-истражувачки проекти на јавните научни установи, со што на располагање се 17,3 милиони денари, истaкна министерката за образование и наука Мила Царовска на средбата со Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.