
Пациентите со ковид-19 не се трујат со отровни лекови и не умираат исклучиво во болнички услови
Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи новите третмани за лекување на болеста. Докторите вложуваат напори за да се справат со големиот наплив на пациенти, а професионалните медиуми ги пренесуваат официјалните информации на надлежните и одговорни институции